сталеж
Значење на сталеж:
1. (истор.) Еден од трите општествени слоеви во феудалното општество (благородништво, свештенство, граѓанство) што се изделувале со своите наследни права и должности.
2. Група луѓе што се изделуваат по некое заедничко обележје (обично по професија). Трговски сталеж. Занаетчиски сталеж. Професорски сталеж. Интересите на сталежите.
Множина: сталежи.
Изведени зборови:
- сталешки, прид. сталешкиот
Фразеолошки израз / поговорка:
Трет сталеж ‒ непривилегиран сталеж во феудалното општество (селанство и граѓанство).
Оригинални податоци:
сталеж, мн. сталежи м. 1. (истор.) Еден од трите општествени слоеви во феудалното општество (благородништво, свештенство, граѓанство) што се изделувале со своите наследни права и должности. 2. Група луѓе што се изделуваат по некое заедничко обележје (обично по професија). Трговски сталеж. Занаетчиски сталеж. Професорски сталеж. Интересите на сталежите. ◊ Трет сталеж ‒ непривилегиран сталеж во феудалното општество (селанство и граѓанство). ‖ сталешки, сталешкиот прид.