стандарден

Придавка

Значење на стандарден:

1. Што одговара на определен стандард. Стандарден производ. Стандардни инструменти. Стандардна димензија. Стандарден квалитет.

2. (прен., разг.) Што е лишен од оригиналност, еднообразен, шаблонски. Студентот даваше стандардни одговори.

Членувана форма: стандардниот.

Изведени зборови:

  • стандардно, прил. Учеше стандардно, секогаш со висок успех.
  • стандардност, и. ж.

Оригинални податоци:

стандарден, стандардниот прид. 1. Што одговара на определен стандард. Стандарден производ. Стандардни инструменти. Стандардна димензија. Стандарден квалитет. 2. (прен., разг.) Што е лишен од оригиналност, еднообразен, шаблонски. Студентот даваше стандардни одговори. ‖ стандардно прил. Учеше стандардно, секогаш со висок успех. ‖ стандардност ж.