стане 1

Глагол, свршен

Значење на стане:

1. Застане на нозе, се исправи, промени положба на седење, лежење. Учениците станаа од место. Момчето наеднаш стана и излезе од собата. Старецот полека стана од креветот.

2. Се разбуди, се крене од постела. Тоа утро рано станале. Ноќеска станав за да пијам вода.

3. (прен.) Оздрави. Се разболе и две недели не стана.

4. а) Искаже несогласување, се спротивстави. Само тој стана во одбрана на обвинетиот. Никој не стана да каже нешто. б) Започне борба, крене бунт, востание.

Коњугација: (ќе) станеа , (ќе) станев , (ќе) станел, станаа , станав , станал , станат , станат , станете , стани .

Изведени зборови:

  • станува, глаг. несв. стануваат
  • станување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Бег легнува, паша станува ‒ 1. нема никакви грижи. 2. живее во изобилство.

Оригинални податоци:

стане1, станат; стани, станете; станав, станаа; станал; станат; (ќе) станев, (ќе) станеа; (ќе) станел св. 1. Застане на нозе, се исправи, промени положба на седење, лежење. Учениците станаа од место. Момчето наеднаш стана и излезе од собата. Старецот полека стана од креветот. 2. Се разбуди, се крене од постела. Тоа утро рано станале. Ноќеска станав за да пијам вода. 3. (прен.) Оздрави. Се разболе и две недели не стана. 4. а) Искаже несогласување, се спротивстави. Само тој стана во одбрана на обвинетиот. Никој не стана да каже нешто. б) Започне борба, крене бунт, востание. ◊ Бег легнува, паша станува ‒ 1. нема никакви грижи. 2. живее во изобилство. ‖ станува, стануваат несв. ‖ глаг. им. станување ср.