стане 2
Значење на стане:
1. Во сложени состави со именски дел значи: добие промена, ново својство, особина и сл., се претвори во тоа што го означува именскиот дел. Стане лекар. Стане мајка. Стане пепел. Стане богат. Стане нервозен.
2. безл. Се случи. И вистина така стана. Што стана, зошто плаче детето? 3. безл. Во состав со кратка заменска форма и прилог. Одеднаш му стана многу тешко. Не можам да одам без подарок, ќе ми стане непријатно.
Коњугација: (ќе) станеа , (ќе) станев , (ќе) станел, станаа , станав , станал , станат , станат стани , станете .
Изведени зборови:
- станува, глаг. несв. стануваат
- станување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
стане2, станат св. стани, станете; станав, станаа; станал; станат; (ќе) станев, (ќе) станеа; (ќе) станел св. 1. Во сложени состави со именски дел значи: добие промена, ново својство, особина и сл., се претвори во тоа што го означува именскиот дел. Стане лекар. Стане мајка. Стане пепел. Стане богат. Стане нервозен. 2. безл. Се случи. И вистина така стана. Што стана, зошто плаче детето? 3. безл. Во состав со кратка заменска форма и прилог. Одеднаш му стана многу тешко. Не можам да одам без подарок, ќе ми стане непријатно. ‖ станува, стануваат несв. ‖ глаг. им. станување ср.