станица
Значење на станица:
1. Место каде што редовно запираат автобуси, возови и други превозни средства за влез и излез на патници. Патна станица. Последна станица. Станица за такси возила.
2. Зградата на такво место со простории за персоналот и за патниците. Автобуска станица. Железничка станица.
3. а) Установа што е наменета и опремена за определен вид услуги. Полициска станица. Здравствена станица. Ветеринарна станица. Метеоролошка станица. Откупна станица. б) Место од каде што се врши емитување на телевизиска и радиопрограма. Радиостаница. Телевизиска станица.
Множина: станици.
Оригинални податоци:
станица, мн. станици ж. 1. Место каде што редовно запираат автобуси, возови и други превозни средства за влез и излез на патници. Патна станица. Последна станица. Станица за такси возила. 2. Зградата на такво место со простории за персоналот и за патниците. Автобуска станица. Железничка станица. 3. а) Установа што е наменета и опремена за определен вид услуги. Полициска станица. Здравствена станица. Ветеринарна станица. Метеоролошка станица. Откупна станица. б) Место од каде што се врши емитување на телевизиска и радиопрограма. Радиостаница. Телевизиска станица.