стап
Значење на стап:
1. Долго и тенко изделкано или обработено парче дрво. Голем стап. Овчарски стап. Питачки стап. Долги стапови.
2. (спорт.) Долго и свитливо парче од дрво, пластика и сл. што се користи за скок со стап.
3. Казнена мера од удари со таков предмет. Наредија да му удрат сто стапа по табаните.
Множина: стапа, стапови.
Изведени зборови:
- стапиште, и. ср. аугм.
- стапче, и. ср. мн. Стапчиња; стапченце, мн. стапченца дем. и хип.
Фразеолошки израз / поговорка:
Плаче за стап (дрво) ‒ заслужува ќотек. Ќе го крка стапот ‒ сп. крка. Се држи како слеп за стап ‒ упорно, тврдоглаво држи некаков став, мислење и сл.; настојчиво се труди да постигне нешто. Стапот има два краја ‒ сп. крај. Сто стапа по туѓ грб не болат ‒ сп. грб1. Дотера до питачки стап ‒ сп. питачки. Со стап (трн) да маваш, нема што да удриш (закачиш) ‒ куќа без покуќнина или со бедна покуќнина.
Оригинални податоци:
стап, мн. стапови, избр. мн. стапа м. 1. Долго и тенко изделкано или обработено парче дрво. Голем стап. Овчарски стап. Питачки стап. Долги стапови. 2. (спорт.) Долго и свитливо парче од дрво, пластика и сл. што се користи за скок со стап. 3. Казнена мера од удари со таков предмет. Наредија да му удрат сто стапа по табаните. ◊ Плаче за стап (дрво) ‒ заслужува ќотек. Ќе го крка стапот ‒ сп. крка. Се држи како слеп за стап ‒ упорно, тврдоглаво држи некаков став, мислење и сл.; настојчиво се труди да постигне нешто. Стапот има два краја ‒ сп. крај. Сто стапа по туѓ грб не болат ‒ сп. грб1. Дотера до питачки стап ‒ сп. питачки. Со стап (трн) да маваш, нема што да удриш (закачиш) ‒ куќа без покуќнина или со бедна покуќнина. ‖ стапче, мн. Стапчиња; стапченце, мн. стапченца ср. дем. и хип. ‖ стапиште, мн. стапишта ср. аугм.