стапи

Глагол, свршен

Значење на стапи:

1. Нагази, застане со нога на нешто; стапне.

2. Влезе некаде. Војникот стапи во канцеларијата на старешината. На неговиот роденден јас првпат стапив кај него дома.

3. Стане член на некоја организација, пристапи. Тој стапи во редовите на партиската организација. Многумина стапија во таа граѓанска асоцијација.

4. Во состав со предлогот во и некои именки ‒ започне да го остварува означеното со именката: стапи во брак, стапи во борба, стапи во преговори, стапи во контакт и др.

5. Во состав со предлогот на и некои именки ‒ го оствари означеното со именката: стапи на престол, стапи на служба, стапи на работа, стапи на сила, стапи на сцена и др.

Коњугација: стапат.

Изведени зборови:

  • стапува, глаг. несв. стапуваат
  • стапување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

стапи, стапат св. 1. Нагази, застане со нога на нешто; сп. стапне. 2. Влезе некаде. Војникот стапи во канцеларијата на старешината. На неговиот роденден јас првпат стапив кај него дома. 3. Стане член на некоја организација, пристапи. Тој стапи во редовите на партиската организација. Многумина стапија во таа граѓанска асоцијација. 4. Во состав со предлогот во и некои именки ‒ започне да го остварува означеното со именката: стапи во брак, стапи во борба, стапи во преговори, стапи во контакт и др. 5. Во состав со предлогот на и некои именки ‒ го оствари означеното со именката: стапи на престол, стапи на служба, стапи на работа, стапи на сила, стапи на сцена и др. ‖ стапува, стапуваат несв. ‖ глаг. им. стапување ср.