стапка
Значење на стапка:
1. Едно помрднување на нозете нанапред или наназад, чекор. Една стапка напред. Несигурни стапки.
2. Растојанието на таквото помрднување, на еден чекор. Нерамномерни стапки. На неколку стапки пред него, падна детето.
3. Начин на одење. Стапка по стапка. Војничка стапка.
4. стапалка. На подот имаше калливи стапки. Детето правеше стапки во песокта.
5. Големина, висина на процент; количествена промена на нешто изразена во бројки или проценти. Каматна стапка. Стапка на невработеноста. Стапка на порастот на криминалот.
6. (лит.) Нагласениот слог во групата слогови од стихот, ритмичка единица на стихот. Метричка стапка.
7. (екон.) Однос меѓу две големини изразен во проценти. Процентна стапка. Каматна стапка.
Множина: стапки.
Фразеолошки израз / поговорка:
Му (ми, ти...) оди по стапките ‒ 1. го следи, го гони. 2. го следи неговиот пример.
Оригинални податоци:
стапка, мн. стапки ж. 1. Едно помрднување на нозете нанапред или наназад, чекор. Една стапка напред. Несигурни стапки. 2. Растојанието на таквото помрднување, на еден чекор. Нерамномерни стапки. На неколку стапки пред него, падна детето. 3. Начин на одење. Стапка по стапка. Војничка стапка. 4. сп. стапалка. На подот имаше калливи стапки. Детето правеше стапки во песокта. 5. Големина, висина на процент; количествена промена на нешто изразена во бројки или проценти. Каматна стапка. Стапка на невработеноста. Стапка на порастот на криминалот. 6. (лит.) Нагласениот слог во групата слогови од стихот, ритмичка единица на стихот. Метричка стапка. 7. (екон.) Однос меѓу две големини изразен во проценти. Процентна стапка. Каматна стапка. ◊ Му (ми, ти...) оди по стапките ‒ 1. го следи, го гони. 2. го следи неговиот пример.