стар
Значење на стар:
1. Што е роден одамна, што има многу години; млад. Стар човек. Стара вдовица.
2. Што е својствено за постар човек. Поглед од стари очи. Го сврти грбот да згрее стари коски.
3. (разг.) Што не е доволно млад за нешто, што не одговара за нешто поради возраста. Стар е за таква физичка работа.
4. (разг.) Што е изнемоштен, опаднат. Стар слуга. Стар пес.
5. За зеленчук‒ што е наполно созреан или што е созреан во претходната сезона, лански. Стара боранија. Стари компири. Стар кромид.
6. Што е ферментиран одамна. Стар кашкавал. Старо сирење. Старо вино.
7. Што е одамна направен, одамна пронајден или е многу употребуван. Стар пат. Стар часовник. Стара облека. Стара кола. Стара песна. Стара сорта јаболко. Старо оружје. Стари чевли.
8. Што е временски пред тоа за што станува збор, поранешен. Стар директор. Старото раководство. Стара влада.
9. Што му претходи на тоа што следува. Старо искуство. Стари навики.
10. Што се поврзува со минатото. Стара мода. Стари занаети. Стара историја. Старо пријателство. 1Што се однесува на дамнешно време, некогашен; древен. Стара цивилизација. Стари ракописи. 12. Што има долгогодишно искуство, опитен. Стар борец. Стар занаетчија. 13. Одживеан, застарен. Стар учебник. Стар метод. Стари погледи. Како им. а) Стариот, старата, старите: Стариот седеше и пушеше луле. Старата го палеше огнот. Старите се мудри. б) (жарг.) Родител. Стариот ми купи кола. Старата ќе направи торта, дојдете! 14. Како именка старо: а) Тоа што е застарено, износено, ветво. Во собава ми мириса на старо. б) Тоа што се случило. Борба на старото со новото.
Членувана форма: стариот.
Фразеолошки израз / поговорка:
Стар век ‒ антички период. Стар завет ‒ првиот, стариот дел од Библијата што се однесува на периодот пред христијанството. Стар(иот) свет ‒ Азија, Африка и Европа. Стар волк ‒ искусен човек. Нов бунар копај, на стариот не плукај ‒ отворај нови можности, но чувај ги старите оти може да ти затребаат повторно. Во старо време ‒ далеку во минатото, многу одамна. Старо аро ‒ (разг., грубо.) дрт, дртав човек. Старо магаре ‒ (разг., грубо.) непристоен возрасен човек. И старо и младо ‒ сите со ред, без исклучок.
Оригинални податоци:
стар, стариот прид. 1. Што е роден одамна, што има многу години; спрот. млад. Стар човек. Стара вдовица. 2. Што е својствено за постар човек. Поглед од стари очи. Го сврти грбот да згрее стари коски. 3. (разг.) Што не е доволно млад за нешто, што не одговара за нешто поради возраста. Стар е за таква физичка работа. 4. (разг.) Што е изнемоштен, опаднат. Стар слуга. Стар пес. 5. За зеленчук‒ што е наполно созреан или што е созреан во претходната сезона, лански. Стара боранија. Стари компири. Стар кромид. 6. Што е ферментиран одамна. Стар кашкавал. Старо сирење. Старо вино. 7. Што е одамна направен, одамна пронајден или е многу употребуван. Стар пат. Стар часовник. Стара облека. Стара кола. Стара песна. Стара сорта јаболко. Старо оружје. Стари чевли. 8. Што е временски пред тоа за што станува збор, поранешен. Стар директор. Старото раководство. Стара влада. 9. Што му претходи на тоа што следува. Старо искуство. Стари навики. 10. Што се поврзува со минатото. Стара мода. Стари занаети. Стара историја. Старо пријателство. 11. Што се однесува на дамнешно време, некогашен; древен. Стара цивилизација. Стари ракописи. 12. Што има долгогодишно искуство, опитен. Стар борец. Стар занаетчија. 13. Одживеан, застарен. Стар учебник. Стар метод. Стари погледи. Како им. а) Стариот, старата, старите: Стариот седеше и пушеше луле. Старата го палеше огнот. Старите се мудри. б) (жарг.) Родител. Стариот ми купи кола. Старата ќе направи торта, дојдете! 14. Како именка старо: а) Тоа што е застарено, износено, ветво. Во собава ми мириса на старо. б) Тоа што се случило. Борба на старото со новото. ◊ Стар век ‒ антички период. Стар завет ‒ првиот, стариот дел од Библијата што се однесува на периодот пред христијанството. Стар(иот) свет ‒ Азија, Африка и Европа. Стар волк ‒ искусен човек. Нов бунар копај, на стариот не плукај ‒ отворај нови можности, но чувај ги старите оти може да ти затребаат повторно. Во старо време ‒ далеку во минатото, многу одамна. Старо аро ‒ (разг., грубо.) дрт, дртав човек. Старо магаре ‒ (разг., грубо.) непристоен возрасен човек. И старо и младо ‒ сите со ред, без исклучок.