статус
Само во еднина.
Значење на статус:
1. Состојба, моментална положба, околности, услови. Статус на разведен човек. Статус на студент.
2. (прав.) Општествена и правна положба на едно лице. Статус на рамноправен граѓанин. Социјален статус. Национален статус. Емигрантски статус.
Фразеолошки израз / поговорка:
Статус кво ‒ непроменета состојба.
Оригинални податоци:
статус (само едн.) м. 1. Состојба, моментална положба, околности, услови. Статус на разведен човек. Статус на студент. 2. (прав.) Општествена и правна положба на едно лице. Статус на рамноправен граѓанин. Социјален статус. Национален статус. Емигрантски статус. ◊ Статус кво ‒ непроменета состојба.