стави 1

Глагол, свршен

Значење на стави:

1. Кладе нешто на определено место или во определена положба. Стави котел со вода на оган. Стави камчиња во саксијата. Свештеникот ги стави венците на глава.

2. Постави нешто едно над друго. Ги стави рацете на гради.

3. Постави, прикрепи едно за друго; инсталира. Тој ја стави сликата во рамка.

4. За облека, украс и сл. ‒ постави на себе, облече, обуе. Стави капа и нараквици, студено е. Стави црнина. Стави очила за сонце.

5. Постави трпеза за јадење, принесе јадење. Жените ја ставија софрата. Го ставив ручекот.

6. (разг.) Назначи, постави некого за вршење определена должност, служба. Го ставија директор во училиштето.

7. Во состав со некои именки ‒ изврши, оствари тоа што е означено со именката. Таквото решение ги стави во незгодна ситуација. Го стави на мисла. Ги стави на ризик нивните животи.

Коњугација: стават.

Изведени зборови:

  • (се) става, глаг. несв. (се) ставаат-- (се) ставува, (се) ставуваат
  • се ~ стави, Обично во изрази со значење: се постави во определен однос спрема нешто: се стави на чело, се стави во улога, се стави во служба и сл.

Фразеолошки израз / поговорка:

Стави крај /точка / крст ‒ заврши. Стави зимница (туршија, зелка, вино и сл.) ‒ (разг.) подготви. Стави јарем ‒ впрегне. Му (ми, ти...) стави јарем ‒ направи некого понизен. Стави име ‒ крсти. Стави знак ‒ означи, обележи со знак. Стави на мака ‒ причини неволја. Стави на коцка ‒ преземе ризик. Стави глава в торба ‒ преземе голем ризик. Ништо в уста не стави ‒ не касне ништо. Му (ми, ти...) стави в уста ‒ му се припише некому нешто што не го кажал. Се стави в уста некому ‒ си дозволи да го озборуваат. Стави надвор од законот ‒ сп. закон.

Оригинални податоци:

стави1, стават св. 1. Кладе нешто на определено место или во определена положба. Стави котел со вода на оган. Стави камчиња во саксијата. Свештеникот ги стави венците на глава. 2. Постави нешто едно над друго. Ги стави рацете на гради. 3. Постави, прикрепи едно за друго; инсталира. Тој ја стави сликата во рамка. 4. За облека, украс и сл. ‒ постави на себе, облече, обуе. Стави капа и нараквици, студено е. Стави црнина. Стави очила за сонце. 5. Постави трпеза за јадење, принесе јадење. Жените ја ставија софрата. Го ставив ручекот. 6. (разг.) Назначи, постави некого за вршење определена должност, служба. Го ставија директор во училиштето. 7. Во состав со некои именки ‒ изврши, оствари тоа што е означено со именката. Таквото решение ги стави во незгодна ситуација. Го стави на мисла. Ги стави на ризик нивните животи. ● се ~ Обично во изрази со значење: се постави во определен однос спрема нешто: се стави на чело, се стави во улога, се стави во служба и сл. ◊ Стави крај /точка / крст ‒ заврши. Стави зимница (туршија, зелка, вино и сл.) ‒ (разг.) подготви. Стави јарем ‒ впрегне. Му (ми, ти...) стави јарем ‒ направи некого понизен. Стави име ‒ крсти. Стави знак ‒ означи, обележи со знак. Стави на мака ‒ причини неволја. Стави на коцка ‒ преземе ризик. Стави глава в торба ‒ преземе голем ризик. Ништо в уста не стави ‒ не касне ништо. Му (ми, ти...) стави в уста ‒ му се припише некому нешто што не го кажал. Се стави в уста некому ‒ си дозволи да го озборуваат. Стави надвор од законот ‒ сп. закон. ‖ (се) става, (се) ставаат/ (се) ставува, (се) ставуваат несв. ‖ глаг. им. ставање/ставување ср.