стави 2

Глагол, свршен

Разговорен збор, израз.

Значење на стави:

Придонесе да се сретне некој со некого. Да гледаме да ја ставиме со момчето.

Коњугација: стават.

Изведени зборови:

  • се ~ стави, Се состане, се сретне. По кратко време тие се ставија со бригадата.
  • (се) ставува, глаг. несв. (се) ставуваат
  • ставување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

стави2, стават св. (разг.) Придонесе да се сретне некој со некого. Да гледаме да ја ставиме со момчето. ●се ~ Се состане, се сретне. По кратко време тие се ставија со бригадата. ‖ (се) ставува, (се) ставуваат несв. ‖ глаг. им. ставување ср.