стебло

Именка, среден род

Значење на стебло:

1. Надземниот дел од дрвото, од коренот до гранките. Стебло на столетен даб. Стебло со рапава кора.

2. Дрво со гранки. Младо стебло. Шупливо стебло. Борово стебло. Шума со високи стебла.

Множина: стебла.

Изведени зборови:

  • стебленце, и. ср. дем. кон зн. 1.
  • стеблиште, и. ср. аугм. кон зн. 1.

Фразеолошки израз / поговорка:

Семејно стебло ‒ сп. лоза 2. Генеалошко (родословно) стебло ‒ цртеж во форма на стебло со гранки што ја претставува генеалогијата на едно семејство.

Оригинални податоци:

стебло, мн. стебла ср. 1. Надземниот дел од дрвото, од коренот до гранките. Стебло на столетен даб. Стебло со рапава кора. 2. Дрво со гранки. Младо стебло. Шупливо стебло. Борово стебло. Шума со високи стебла. ‖ стебленце, мн. стебленца ср. дем. кон зн. 1. ‖ стеблиште, мн. стеблишта ср. аугм. кон зн. 1. ◊ Семејно стебло ‒ сп. лоза 2. Генеалошко (родословно) стебло ‒ цртеж во форма на стебло со гранки што ја претставува генеалогијата на едно семејство.