стега

Глагол, несвршен

Значење на стега:

1. стегне.

2. За облека, обувки ‒ е тесен. Кошулата го стегаше во рамениците. Десниот чевел ме стега.

3. Пројавува прекумерна штедливост, скржавост. Таа стегаше цел живот.

4. Чувствува болка. Честопати го стегаше срцето. Штом ќе се напијам студена вода, ме стега грлото.

Коњугација: стегаат.

Изведени зборови:

  • се ~ стега, 1. сп. стегне. 2. Се притеснува, се чувствува неслободно. Тој се стегаше во непознато друштво. Не стегај се, чувствувај се како во своја куќа.
  • стегање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

стега, стегаат несв. 1. сп. стегне. 2. За облека, обувки ‒ е тесен. Кошулата го стегаше во рамениците. Десниот чевел ме стега. 3. Пројавува прекумерна штедливост, скржавост. Таа стегаше цел живот. 4. Чувствува болка. Честопати го стегаше срцето. Штом ќе се напијам студена вода, ме стега грлото. ● се ~ 1. сп. стегне. 2. Се притеснува, се чувствува неслободно. Тој се стегаше во непознато друштво. Не стегај се, чувствувај се како во своја куќа. ‖ глаг. им. стегање ср.