стегне
Значење на стегне:
1. Цврсто затегне, притегне врзувајќи нешто, цврсто сврзе, спои нешто. Детето ги стегна врвките од чевлите. Го стегна каишот на панталоните. Шивачката го стегна конецот во јазол.
2. Обвие нешто со јаже, со обрач и сл. Качарот го стегна бурето со обрачи.
3. а) Опфати нешто со притисок, стисне. Тој срдечно ја стегна раката на пријателот. Ги стегна прстите во тупаница. Ги стегна вилиците и не рече ништо. б) Обгрне со раце, прегрне, фати цврсто. Другарчето притрча и го стегна за половината.
4. (техн.) Цврсто состави, прицврсти нешто. Мајсторот ги стегна шрафовите од полицата.
5. (прен., разг.) Дисциплинира, притегне некого. Го стегнаа синот и ги поправи оценките. Полицијата го стегнала и тој признал.
6. безл. За зима, студ, горештина и сл. ‒ стане студено, топло и сл. Рано стегна зимата. Стегнаа горештини.
7. Спопадне болест, несреќа, долг и др. Мајка ми ја стегна грипот. Го стегнаа големи долгови.
Коњугација: (ќе) стегнеа , (ќе) стегнев , (ќе) стегнел, стегнаа , стегнав , стегнал , стегнат , стегнат , стегнете , стегни .
Изведени зборови:
- се ~ стегне, 1. Се стврдне. Филот за торта многу се стегна. Земјата се стегна од големиот студ. 2. (прен.) Почувствува болка. Му се стегна срцето од тага. 3. (прен.) За ред ‒ се збие, се стисне. 3. (прен., разг.) Почне забрзано да работи. Ако се стегнеме, навреме ќе ја завршиме работата.
- (се) стегнува, глаг. несв. (се) стегнуваат
- стегнување, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Стегне каиш (ремен) ‒ проживее скромно, се лиши од многу потреби. Стегне заби ‒ 1. храбро трпи, поднесува нешто. 2. се подготви добро за некоја работа.
Оригинални податоци:
стегне, стегнат; стегни, стегнете; стегнав, стегнаа; стегнал; стегнат; (ќе) стегнев, (ќе) стегнеа; (ќе) стегнел св. 1. Цврсто затегне, притегне врзувајќи нешто, цврсто сврзе, спои нешто. Детето ги стегна врвките од чевлите. Го стегна каишот на панталоните. Шивачката го стегна конецот во јазол. 2. Обвие нешто со јаже, со обрач и сл. Качарот го стегна бурето со обрачи. 3. а) Опфати нешто со притисок, стисне. Тој срдечно ја стегна раката на пријателот. Ги стегна прстите во тупаница. Ги стегна вилиците и не рече ништо. б) Обгрне со раце, прегрне, фати цврсто. Другарчето притрча и го стегна за половината. 4. (техн.) Цврсто состави, прицврсти нешто. Мајсторот ги стегна шрафовите од полицата. 5. (прен., разг.) Дисциплинира, притегне некого. Го стегнаа синот и ги поправи оценките. Полицијата го стегнала и тој признал. 6. безл. За зима, студ, горештина и сл. ‒ стане студено, топло и сл. Рано стегна зимата. Стегнаа горештини. 7. Спопадне болест, несреќа, долг и др. Мајка ми ја стегна грипот. Го стегнаа големи долгови. ● се ~ 1. Се стврдне. Филот за торта многу се стегна. Земјата се стегна од големиот студ. 2. (прен.) Почувствува болка. Му се стегна срцето од тага. 3. (прен.) За ред ‒ се збие, се стисне. 3. (прен., разг.) Почне забрзано да работи. Ако се стегнеме, навреме ќе ја завршиме работата. ◊ Стегне каиш (ремен) ‒ проживее скромно, се лиши од многу потреби. Стегне заби ‒ 1. храбро трпи, поднесува нешто. 2. се подготви добро за некоја работа. ‖ (се) стегнува, (се) стегнуваат несв. ‖ глаг. им. стегнување ср.