стекне
Значење на стекне:
1. Постигне, добие нешто како резултат на труд, дејност и сл. Тие го стекнале имотот во брак. Работеше во странство и стекна голем капитал. Тој стекнал богатство во воени услови.
2. Постигне, се здобие со нешто кон кое се стремел. Тој стекна слава на светските оперски сцени. Студентите стекнаа искуство од практичната настава. Соседите патуваа многу и стекнаа нови пријателства.
Коњугација: (ќе) стекнеа , (ќе) стекнев , (ќе) стекнел, стекнаа , стекнав , стекнал , стекнат , стекнат , стекнете , стекни .
Изведени зборови:
- стекнува, глаг. несв. стекнуваат
- стекнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
стекне, стекнат; стекни, стекнете; стекнав, стекнаа; стекнал; стекнат; (ќе) стекнев, (ќе) стекнеа; (ќе) стекнел св. 1. Постигне, добие нешто како резултат на труд, дејност и сл. Тие го стекнале имотот во брак. Работеше во странство и стекна голем капитал. Тој стекнал богатство во воени услови. 2. Постигне, се здобие со нешто кон кое се стремел. Тој стекна слава на светските оперски сцени. Студентите стекнаа искуство од практичната настава. Соседите патуваа многу и стекнаа нови пријателства. ‖ стекнува, стекнуваат несв. ‖ глаг. им. стекнување ср.