стемни се
Безличен глагол.
Значење на стемни се:
1. Стане темница, се смрачи; се раздени. Се стемни, прст пред очи не се гледа. Надвор се стемнило.
2. Направи нешто да стане темно, потемни. Небото се стемни.
3. Стане темен. Лицето му се стемнило.
Коњугација: (ќе) се стемнело, (ќе) се стемнеше , се стемни , се стемнило , стемнето .
Изведени зборови:
- се стемнува, глаг. несв.
- стемнување, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Му (ми, ти... ) се стемни пред очите ‒ се почувствува лошо. Ако некому не му се стемни, на друг нема да му се раздени ‒ некој се жртвува себеси за сметка на друг, за туѓ успех.
Оригинални податоци:
стемни се, се стемни; се стемнило; стемнето; (ќе) се стемнеше; (ќе) се стемнело безл. 1. Стане темница, се смрачи; спрот. се раздени. Се стемни, прст пред очи не се гледа. Надвор се стемнило. 2. Направи нешто да стане темно, потемни. Небото се стемни. 3. Стане темен. Лицето му се стемнило. ‖ се стемнува несв. ‖ глаг. им. стемнување ср. ◊ Му (ми, ти... ) се стемни пред очите ‒ се почувствува лошо. Ако некому не му се стемни, на друг нема да му се раздени ‒ некој се жртвува себеси за сметка на друг, за туѓ успех.