стесни
Значење на стесни:
1. Направи нешто да стане потесно. Шивачката ги стесни ракавите од палтото. Соседот го стесни балконот.
2. (прен.) Ограничи, намали нешто некому. Директорот ги стесни овластувањата на некои раководни лица.
3. (прен.) Ограничи, намали нешто по обем. Тој го стесни кругот на пријатели.
4. Намали простор за живеење, притесни. Вечерва ве стеснивме малку, но утре си одиме. Влегоа уште двајца во купето и ги стеснија патниците.
Коњугација: стеснат.
Изведени зборови:
- се ~ стесни, 1. Стане потесен. Памучната блуза се стесни од перење. По доградбата на куќата, дворот се стесни. 2. (прен.) Се намали по обем. Се стесни наставната програма по општа историја. 3. Се збие, се стисне, се притесни. По женидбата на брат ми, се стеснивме во куќата. 4. сп. се притесни.
- (се) стеснува, глаг. несв. (се) стеснуваат
- стеснување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
стесни, стеснат св. 1. Направи нешто да стане потесно. Шивачката ги стесни ракавите од палтото. Соседот го стесни балконот. 2. (прен.) Ограничи, намали нешто некому. Директорот ги стесни овластувањата на некои раководни лица. 3. (прен.) Ограничи, намали нешто по обем. Тој го стесни кругот на пријатели. 4. Намали простор за живеење, притесни. Вечерва ве стеснивме малку, но утре си одиме. Влегоа уште двајца во купето и ги стеснија патниците. ● се ~ 1. Стане потесен. Памучната блуза се стесни од перење. По доградбата на куќата, дворот се стесни. 2. (прен.) Се намали по обем. Се стесни наставната програма по општа историја. 3. Се збие, се стисне, се притесни. По женидбата на брат ми, се стеснивме во куќата. 4. сп. се притесни. ‖ (се) стеснува, (се) стеснуваат несв. ‖ глаг. им. стеснување ср.