стигне
Значење на стигне:
1. Настигне, пристигне некого или нешто при движење. Побрзав и ја стигнав другарка ми. Вие одете, ќе ве стигнеме! Тој потрча и го стигна коњот. Овчарските кучиња го стигнаа стадото.
2. Дојде на определено место, пристигне. Децата стигнаа до шумата. Војниците ноќеска ќе стигнат во логорот. Гостите од странство веќе стигнале. Пешки стигнавме во селото на татко ми.
3. Пристигне на определено место нешто испратено, испорачано. Денес ми стигна писмо. Стигна новиот мебел. На болните им стигнаа лековите од странство.
4. (прен.) Се најде на некоја должност, функција, дојде до некој степен на процес кој обично се одвива по нагорна линија. Тој ќе стигне до директор. Многу пратеници стигнаа до министерски места. По долги години стигна до правдата. Соседот стигна до пензија.
5. (само во 3л.) - достигне, достаса. Парчето штоф стигна за панталони. Ќе стигне ли лебот за вечерва? Овие плочки ќе стигнат за поплочување на балконот.
Коњугација: (ќе) стигнеа , (ќе) стигнел, (ќе) стигнел , стигнаа , стигнав , стигнал , стигнат , стигнат , стигнете , стигни .
Изведени зборови:
- стигнува, глаг. несв. стигнуваат
- стигнување, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Стигне клетва ‒ снајде некого нешто лошо.
Оригинални податоци:
стигне, стигнат; стигни, стигнете; стигнав, стигнаа; стигнал; стигнат; (ќе) стигнел, (ќе) стигнеа; (ќе) стигнел св. 1. Настигне, пристигне некого или нешто при движење. Побрзав и ја стигнав другарка ми. Вие одете, ќе ве стигнеме! Тој потрча и го стигна коњот. Овчарските кучиња го стигнаа стадото. 2. Дојде на определено место, пристигне. Децата стигнаа до шумата. Војниците ноќеска ќе стигнат во логорот. Гостите од странство веќе стигнале. Пешки стигнавме во селото на татко ми. 3. Пристигне на определено место нешто испратено, испорачано. Денес ми стигна писмо. Стигна новиот мебел. На болните им стигнаа лековите од странство. 4. (прен.) Се најде на некоја должност, функција, дојде до некој степен на процес кој обично се одвива по нагорна линија. Тој ќе стигне до директор. Многу пратеници стигнаа до министерски места. По долги години стигна до правдата. Соседот стигна до пензија. 5. (само во 3л.) - достигне, достаса. Парчето штоф стигна за панталони. Ќе стигне ли лебот за вечерва? Овие плочки ќе стигнат за поплочување на балконот. ◊ Стигне клетва ‒ снајде некого нешто лошо. ‖ стигнува, стигнуваат несв. ‖ глаг. им. стигнување ср.