стил

Именка, машки род

Значење на стил:

1. Севкупност на формални карактеристики по кои се разликува определен уметнички правец, период, род и сл. од другите. Антички стил. Византиски стил. Римски стил. Народен стил.

2. Квалитетот на изразот што произлегува од изборот на елементите што ги користи поединецот. Личен стил.

3. Единство на изразниот состав во книжевноста; назив за општите карактеристики на некое книжевно дело или автор. Поетски стил. Драмски стил. Стил на писателот. Книжевни стилови.

4. Начин на кој е нешто направено или изведено. Стилот на старите мајстори. Тоа е во негов стил.

5. Начин на сметање на времето по години, денови.

Множина: стила, стилови.

Фразеолошки израз / поговорка:

Стар стил ‒ сметање на времето по јулијанскиот календар. Нов стил ‒ сметање на времето по грегоријанскиот календар.

Оригинални податоци:

стил, мн. стилови, избр. мн. стила м. 1. Севкупност на формални карактеристики по кои се разликува определен уметнички правец, период, род и сл. од другите. Антички стил. Византиски стил. Римски стил. Народен стил. 2. Квалитетот на изразот што произлегува од изборот на елементите што ги користи поединецот. Личен стил. 3. Единство на изразниот состав во книжевноста; назив за општите карактеристики на некое книжевно дело или автор. Поетски стил. Драмски стил. Стил на писателот. Книжевни стилови. 4. Начин на кој е нешто направено или изведено. Стилот на старите мајстори. Тоа е во негов стил. 5. Начин на сметање на времето по години, денови. ◊ Стар стил ‒ сметање на времето по јулијанскиот календар. Нов стил ‒ сметање на времето по грегоријанскиот календар.