стилизација
Значење на стилизација:
1. Придавање, внесување на некои карактеристики од определен стил во нешто ново, во некоја нова изработка. Стилизација на народна носија. Стилизации на народни песни.
2. Обликување, дотерување на изразните средства од некој текст според определени книжевни и јазични норми.
Множина: стилизации.
Оригинални податоци:
стилизација, мн. стилизации ж. 1. Придавање, внесување на некои карактеристики од определен стил во нешто ново, во некоја нова изработка. Стилизација на народна носија. Стилизации на народни песни. 2. Обликување, дотерување на изразните средства од некој текст според определени книжевни и јазични норми.