стине
Значење на стине:
1. Се лади, постепено станува ладен. Стине водата. Стине филот во фрижидерот.
2. (прен.) Станува рамнодушен кон некого или кон нешто. Поради болеста, стина радоста за новородениот син. По расправијата стина во него пријателството.
Коњугација: стина , стинаа , стинал , стинат, стинат , стинеа , стинел , стинет , стинеше , стинојќи .
Изведени зборови:
- стинење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
стине, стинат; стинеше, стинеа; стинел; стинет; стинојќи; стина, стинаа; стинал; стинат несв. 1. Се лади, постепено станува ладен. Стине водата. Стине филот во фрижидерот. 2. (прен.) Станува рамнодушен кон некого или кон нешто. Поради болеста, стина радоста за новородениот син. По расправијата стина во него пријателството. ‖ глаг. им. стинење ср.