стисне
Значење на стисне:
1. Притисне, стегне со нешто. Тој стисна на ѕвончето и вратата се отвори. Ги стиснав прстите затворајќи ја вратата. Му го стисна вратот со шалот. Девојчето стисна лимон во чајот.
2. Стегне со рака во знак на срдечен поздрав, благодарност и сл. Со наклон ја стисна неговата рака.
3. Цврсто држи в раце. Тој безумно стисна нож в рака. Девојчето ќе ја стисне куклата до себе и не ја дава никому.
4. Прилепи, припие, спои едно со друго. Ги стисна двете нозе. Децата ги стиснаа дланките меѓу колениците.Тој ги стисна усните и збор не рече.
5. (прен.) Потисне, совлада некаква возбуда. Стисни душа!
Коњугација: (ќе) стиснеа , (ќе) стиснев , (ќе) стиснел, стиснаа , стиснав , стиснал , стиснат , стиснат , стиснете , стисни .
Изведени зборови:
- се ~ стисне, Се збие, се собере во тесен простор. Луѓето се стиснаа во преполнетиот автобус. Три деца се стиснаа на едно седиште.
- (се) стиснува, глаг. несв. (се) стиснуваат
- стиснување, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Стисне во прегратки ‒ прегрне некого.
Оригинални податоци:
стисне, стиснат; стисни, стиснете; стиснав, стиснаа; стиснал; стиснат; (ќе) стиснев, (ќе) стиснеа; (ќе) стиснел св. 1. Притисне, стегне со нешто. Тој стисна на ѕвончето и вратата се отвори. Ги стиснав прстите затворајќи ја вратата. Му го стисна вратот со шалот. Девојчето стисна лимон во чајот. 2. Стегне со рака во знак на срдечен поздрав, благодарност и сл. Со наклон ја стисна неговата рака. 3. Цврсто држи в раце. Тој безумно стисна нож в рака. Девојчето ќе ја стисне куклата до себе и не ја дава никому. 4. Прилепи, припие, спои едно со друго. Ги стисна двете нозе. Децата ги стиснаа дланките меѓу колениците.Тој ги стисна усните и збор не рече. 5. (прен.) Потисне, совлада некаква возбуда. Стисни душа! ● се ~ Се збие, се собере во тесен простор. Луѓето се стиснаа во преполнетиот автобус. Три деца се стиснаа на едно седиште. ◊ Стисне во прегратки ‒ прегрне некого. ‖ (се) стиснува, (се) стиснуваат несв. ‖ глаг. им. стиснување ср.