сто

Број

Значење на сто:

1. Бројот и количеството 100. Сто денари. Сто примероци од книгата. Сто рала чевли.

2. <!CONVERS!> За означување неопределено големо количество, многу, мошне многу. Има сто причини тоа да се направи. Сто пати ти реков да не го правиш тоа.

Членувана форма: стоте.

Фразеолошки израз / поговорка:

Главата му е на сто страни ‒ мора да мисли на многу работи истовремено. Сто стапа по туѓ грб не болат ‒ туѓата болка и мака не ја гледаме. До сто и една и назад ‒ раскажува многу на широко. До сто и една година без празници ‒ желба да живее (некој) многу долго. Не ќе живееме сто (двесте) години ‒ се вели кога некој сака да си ги оправда постапките кои не се многу во согласност со општоприфатениот морал или однесување, обично за пиење, пушење и сл. Изеде сто оки ќотек ‒ многу е натепан.

Оригинални податоци:

сто, стоте бр. Бројот и количеството 100. Сто денари. Сто примероци од книгата. Сто рала чевли. 2. (разг.) За означување неопределено големо количество, многу, мошне многу. Има сто причини тоа да се направи. Сто пати ти реков да не го правиш тоа. ◊ Главата му е на сто страни ‒ мора да мисли на многу работи истовремено. Сто стапа по туѓ грб не болат ‒ туѓата болка и мака не ја гледаме. До сто и една и назад ‒ раскажува многу на широко. До сто и една година без празници ‒ желба да живее (некој) многу долго. Не ќе живееме сто (двесте) години ‒ се вели кога некој сака да си ги оправда постапките кои не се многу во согласност со општоприфатениот морал или однесување, обично за пиење, пушење и сл. Изеде сто оки ќотек ‒ многу е натепан.