стог

Именка, машки род

Значење на стог:

1. Куп сено наредено едно врз друго, најчесто околу едно големо дрво; копа. Ливадите беа покосени, стоговите се златеа на предвечерното сонце. Кубе сено од стогот за стоката.

2. Голем куп снопје. Сноповите ги редеа на стогови.

Множина: стога, стогови.

Фразеолошки израз / поговорка:

Бара игла во стог сено ‒ бара нешто што не може да се најде.

Оригинални податоци:

стог, мн. стогови, избр. мн. стога м. 1. Куп сено наредено едно врз друго, најчесто околу едно големо дрво; копа. Ливадите беа покосени, стоговите се златеа на предвечерното сонце. Кубе сено од стогот за стоката. 2. Голем куп снопје. Сноповите ги редеа на стогови. ◊ Бара игла во стог сено ‒ бара нешто што не може да се најде.