стои
Значење на стои:
1. Се наоѓа во исправена положба, е на нозе, не мрда од местото; седи. Келнерот стоеше, само очите му шетаа по гостите. Многу посетители стоеја и така до крај ја следеа претставата. Стоев во ред пред касата за да платам.
2. а) Се наоѓа во некаква положба, останува на истото место, не се движи. Старицата стоеше потпрена на оградата. Тој стоеше скаменет од веста. Стои посрамено. б) За предмети ‒ многу често со негација. Масата не стои добро.
3. За превозно средство ‒ запира, се задржува извесно време на некое место. Возот стоеше на спореден колосек. Автобусот стои само во Велес.
4. а) Е сместено, се наоѓа на определено место. Таму во собичката стоеше нејзиниот невестински ковчег. Училишниот прибор ми стои во првата фиока. Ладилникот стои в кујна. Сребрениот свеќник стои на комодата во дневната соба. б) Се наоѓа во нешто, исполнува некаков простор, запремнина. Виното стои во буриња. Јаболката стоеја во дрвени гајбички. Мастилото стои во мастилницата.
5. (прен.) Има, се наоѓа, постои, суштествува. Покрај реката стоеја урнатини од старите напуштени воденици. Од некогашната стара црква стоеја само ѕидовите и камбанаријата. Во записникот не стои нашата одлука. Тоа прашање стои пред нас. Пред нас стојат тешки задачи.
6. (прен.) Е во добра или лоша материјална состојба. Соседите сега добро стојат, им тргна работата. Лошо стојат работите со кожарската индустрија.
7. Се наоѓа во некакви односи, врски. Таа не стои добро со директорот.
8. (само во 3л.) Одговара, прилега, личи. Добро ти стои кусо здолниште. Убаво ѝ стои долга коса. Црвената боја ми стои.
Коњугација: стојат.
Фразеолошки израз / поговорка:
Стои на збор ‒ е доследен. Стои на став (гледиште, позиција) ‒ има мислење. Водата стои, тој (таа, тоа..) не стои ‒ многу е вреден. Му стои некому над глава ‒ внимава што работи. Стои на пат некому ‒ му пречи во некоја работа. Ни оди ни стои (седи) ‒ неодлучност. Стои зад некого ‒ заштитува некого. Стои здраво на нозете ‒ сигурен е во себе и во своите постапки. Стои настрана ‒ не се меша во нешто.
Оригинални податоци:
стои, стојат несв. 1. Се наоѓа во исправена положба, е на нозе, не мрда од местото; спрот. седи. Келнерот стоеше, само очите му шетаа по гостите. Многу посетители стоеја и така до крај ја следеа претставата. Стоев во ред пред касата за да платам. 2. а) Се наоѓа во некаква положба, останува на истото место, не се движи. Старицата стоеше потпрена на оградата. Тој стоеше скаменет од веста. Стои посрамено. б) За предмети ‒ многу често со негација. Масата не стои добро. 3. За превозно средство ‒ запира, се задржува извесно време на некое место. Возот стоеше на спореден колосек. Автобусот стои само во Велес. 4. а) Е сместено, се наоѓа на определено место. Таму во собичката стоеше нејзиниот невестински ковчег. Училишниот прибор ми стои во првата фиока. Ладилникот стои в кујна. Сребрениот свеќник стои на комодата во дневната соба. б) Се наоѓа во нешто, исполнува некаков простор, запремнина. Виното стои во буриња. Јаболката стоеја во дрвени гајбички. Мастилото стои во мастилницата. 5. (прен.) Има, се наоѓа, постои, суштествува. Покрај реката стоеја урнатини од старите напуштени воденици. Од некогашната стара црква стоеја само ѕидовите и камбанаријата. Во записникот не стои нашата одлука. Тоа прашање стои пред нас. Пред нас стојат тешки задачи. 6. (прен.) Е во добра или лоша материјална состојба. Соседите сега добро стојат, им тргна работата. Лошо стојат работите со кожарската индустрија. 7. Се наоѓа во некакви односи, врски. Таа не стои добро со директорот. 8. (само во 3л.) Одговара, прилега, личи. Добро ти стои кусо здолниште. Убаво ѝ стои долга коса. Црвената боја ми стои. ◊ Стои на збор ‒ е доследен. Стои на став (гледиште, позиција) ‒ има мислење. Водата стои, тој (таа, тоа..) не стои ‒ многу е вреден. Му стои некому над глава ‒ внимава што работи. Стои на пат некому ‒ му пречи во некоја работа. Ни оди ни стои (седи) ‒ неодлучност. Стои зад некого ‒ заштитува некого. Стои здраво на нозете ‒ сигурен е во себе и во своите постапки. Стои настрана ‒ не се меша во нешто.