стока

Именка, женски род

Значење на стока:

1. Производ наменет за размена, за продажба, за пазар, а не за сопствена потрошувачка на производителот. Продавачите гласно ја нудеа својата стока. Тој набавува стока од најдобрите производители. Индустриска стока. Стока за извоз. Луксузна стока. Колонијална стока.

2. Имот, богатство. Работејќи на туѓина стекна многу стока.

3. Домашни животни; добиток. Стоката ја однесе на поило. Стоката ја прибра во шталата. Живееше во плевната заедно со стоката. Сам ја чуваше стоката.

Множина: стоки.

Изведени зборови:

  • стокичка, и. ж. (само едн.), сточица (само едн.) дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Зет рода, магаре стока ли е? ‒ Зетот не е роднина, т.е. не е крвно родство. Знам што стока е (ирон.) ‒ добро го знам, нека не се преправа. Убавата стока сама се продава (посл.) ‒ тоа што е добро лесно ќе се продаде.

Оригинални податоци:

стока, мн. стоки ж. 1. Производ наменет за размена, за продажба, за пазар, а не за сопствена потрошувачка на производителот. Продавачите гласно ја нудеа својата стока. Тој набавува стока од најдобрите производители. Индустриска стока. Стока за извоз. Луксузна стока. Колонијална стока. 2. Имот, богатство. Работејќи на туѓина стекна многу стока. 3. Домашни животни; добиток. Стоката ја однесе на поило. Стоката ја прибра во шталата. Живееше во плевната заедно со стоката. Сам ја чуваше стоката. ◊ Зет рода, магаре стока ли е? ‒ Зетот не е роднина, т.е. не е крвно родство. Знам што стока е (ирон.) ‒ добро го знам, нека не се преправа. Убавата стока сама се продава (посл.) ‒ тоа што е добро лесно ќе се продаде. ‖ стокичка (само едн.), сточица (само едн.) ж. дем.