стокми
Значење на стокми:
1. Се подготви, се дотера да изгледа убаво, прибрано. Го стокми детето и го пушти на училиште.
2. Опреми, набави сè што е потребно. Тој ги стокми двата сина со сè што е потребно за студирање во голем град. Ја стокмивме невестата со сета спрема. Го стокми коњот.
3. Постави рамно, едно покрај друго. Ги стокми усните. Ги стокми нозете по војнички. Ги стокми двете крила на портата.
4. (прен.) Смисли некоја работа, обично во негативна смисла. Тој ми ја има стокмено оваа работа. Тој пак ќе стокми некоја мајсторија.
Коњугација: стокмат.
Изведени зборови:
- се ~ стокми, 1. Се подготви, се дотера да изгледа убаво. Се стокмивме, сега можеме да тргнеме. 2. Се подготви за нешто, за некое дејство. Се стокми да праша.
- (се) стокмува, глаг. несв. (се) стокмуваат
- стокмување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
стокми, стокмат св. 1. Се подготви, се дотера да изгледа убаво, прибрано. Го стокми детето и го пушти на училиште. 2. Опреми, набави сè што е потребно. Тој ги стокми двата сина со сè што е потребно за студирање во голем град. Ја стокмивме невестата со сета спрема. Го стокми коњот. 3. Постави рамно, едно покрај друго. Ги стокми усните. Ги стокми нозете по војнички. Ги стокми двете крила на портата. 4. (прен.) Смисли некоја работа, обично во негативна смисла. Тој ми ја има стокмено оваа работа. Тој пак ќе стокми некоја мајсторија. ● се ~ 1. Се подготви, се дотера да изгледа убаво. Се стокмивме, сега можеме да тргнеме. 2. Се подготви за нешто, за некое дејство. Се стокми да праша. ‖ (се) стокмува, (се) стокмуваат несв. ‖ глаг. им. стокмување ср.