стол

Именка, машки род

Значење на стол:

1. Дел од мебелот, од покуќнината наменет за седење со или без потпирач. Раскошно изрезбан стол. Дрвен стол. Плетен стол.

2. (арх.) Престол. Ќе му отиде на султанот во Стамбол да го турне од столот.

Множина: столови.

Изведени зборови:

  • столе, и. ср. мн. столиња; столче, мн. столчиња дем. ◊ Треба да се загрее столчето ‒ треба да се седне и да се учи, да се работи за да постигнат резултати.

Фразеолошки израз / поговорка:

Седи на два стола ‒ поддржува две спротивни страни, се однесува дволично, нема определен цврст став. Жешко столче ‒ место каде што се подложува на испрашување.

Оригинални податоци:

стол, мн. столови м. 1. Дел од мебелот, од покуќнината наменет за седење со или без потпирач. Раскошно изрезбан стол. Дрвен стол. Плетен стол. 2. (арх.) Престол. Ќе му отиде на султанот во Стамбол да го турне од столот. ◊ Седи на два стола ‒ поддржува две спротивни страни, се однесува дволично, нема определен цврст став. Жешко столче ‒ место каде што се подложува на испрашување. ‖ столе, мн. столиња; столче, мн. столчиња ср. дем. ◊ Треба да се загрее столчето ‒ треба да се седне и да се учи, да се работи за да постигнат резултати.