столб
Значење на столб:
1. а) Во градежништвото ‒ потпирач со различна форма и пресек, поставен вертикално и укрепен за цврста подлога како носечки елемент на градежен објект. Мермерни столбови го крепеа широкиот балкон. Масивни бетонски столбови. Момчето се криеше зад столбот. б) (прен.) Тој што го носи најголемиот товар, тој на што се крепи нешто. Тој е столб на семејството. Тој е еден од столбовите на организацијата.
2. Дрвен, метален или бетонски висок носач на електрични, телефонски и др. водови. Електричен столб. Телефонски столб.
3. (прен.) Голема количина, маса од нешто (вода, чад, прашина и сл.) што се крева нагоре и има столбовиден облик. Столб од прашина и чад се издигаше над куќите.
Множина: столба, столбови.
Изведени зборови:
- столпче, и. ср. дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Столб на срамот ‒ место за јавно изнесување на осуда на некого. Живин столб ‒ градуирана тенка цевка со жива од која е истиснат воздухот за мерење температура, крвен притисок.
Оригинални податоци:
столб, мн. столбови, избр. мн. столба м. 1. а) Во градежништвото ‒ потпирач со различна форма и пресек, поставен вертикално и укрепен за цврста подлога како носечки елемент на градежен објект. Мермерни столбови го крепеа широкиот балкон. Масивни бетонски столбови. Момчето се криеше зад столбот. б) (прен.) Тој што го носи најголемиот товар, тој на што се крепи нешто. Тој е столб на семејството. Тој е еден од столбовите на организацијата. 2. Дрвен, метален или бетонски висок носач на електрични, телефонски и др. водови. Електричен столб. Телефонски столб. 3. (прен.) Голема количина, маса од нешто (вода, чад, прашина и сл.) што се крева нагоре и има столбовиден облик. Столб од прашина и чад се издигаше над куќите. ◊ Столб на срамот ‒ место за јавно изнесување на осуда на некого. Живин столб ‒ градуирана тенка цевка со жива од која е истиснат воздухот за мерење температура, крвен притисок. ‖ столпче, мн. столпчиња ср. дем.