столчи

Глагол, свршен

Значење на столчи:

1. Смачка, сплеска со толчење. Ги столчи оревите во аван. Го столчи лукот со малку сол и пиперки. Оревот го столчи со тесла на еден камен.

2. Смачка, убие, умртви. Со еден удар со дрвениот чекан ја столчи змијата. Ги столчи сите до еден.

3. (прен.) Уништи, сосипе. Последните случувања го столчија. Болеста го столчи. Град го столчи бостанот.

Коњугација: столчат.

Изведени зборови:

  • столчува, глаг. несв. столчуваат
  • столчување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Му ја столчи главата како на змија ‒ го уби.

Оригинални податоци:

столчи, столчат св. 1. Смачка, сплеска со толчење. Ги столчи оревите во аван. Го столчи лукот со малку сол и пиперки. Оревот го столчи со тесла на еден камен. 2. Смачка, убие, умртви. Со еден удар со дрвениот чекан ја столчи змијата. Ги столчи сите до еден. 3. (прен.) Уништи, сосипе. Последните случувања го столчија. Болеста го столчи. Град го столчи бостанот. ◊ Му ја столчи главата како на змија ‒ го уби. ‖ столчува, столчуваат несв. ‖ глаг. им. столчување ср.