стомак
Анатомија.
Значење на стомак:
1. Орган за варење сместен во средишниот дел од телото, во стомачната празнина кај човекот и кај животните од родот цицачи; желудник. Го боли стомак. Стомакот ништо не ми поднесува.
2. Средишен дел од телото, делот од телото под градите; мев. Стомакот му се направил како балон.
Множина: стомаци.
Изведени зборови:
- стомаче, и. ср. дем. и хип.
- стомачиште, и. ср. аугм.
Оригинални податоци:
стомак, мн. стомаци м. (анат.) 1. Орган за варење сместен во средишниот дел од телото, во стомачната празнина кај човекот и кај животните од родот цицачи; желудник. Го боли стомак. Стомакот ништо не ми поднесува. 2. Средишен дел од телото, делот од телото под градите; мев. Стомакот му се направил како балон. ‖ стомаче, мн. стомачиња ср. дем. и хип. ‖ стомачиште, мн. стомачишта ср. аугм.