стопан

Именка, машки род

Значење на стопан:

1. Сопственик на нешто, лице што поседува некаков вид имот. Стопан на фармата. Стопанот на лозјето донесе ручек за аргатите. Стопанот на куќата барал многу пари за неа.

2. Домаќин, глава на семејството. Нека излезе стопанот на куќата.

3. Господар, работодавач. Момокот ги извршуваше сите задачи што ќе му ги наложеше стопанот. Кучето весело почна да врти со опашката кога го виде својот стопан.

4. (разг.) Сопруг, маж. Домаќине, мој стопане. Стопанот ѝ бил на туѓина.

Множина: стопани.

Изведени зборови:

  • стопанка, и. ж.

Фразеолошки израз / поговорка:

Песната стопан нема ‒ секој може да ја пее како што сака.

Оригинални податоци:

стопан, мн. стопани м. 1. Сопственик на нешто, лице што поседува некаков вид имот. Стопан на фармата. Стопанот на лозјето донесе ручек за аргатите. Стопанот на куќата барал многу пари за неа. 2. Домаќин, глава на семејството. Нека излезе стопанот на куќата. 3. Господар, работодавач. Момокот ги извршуваше сите задачи што ќе му ги наложеше стопанот. Кучето весело почна да врти со опашката кога го виде својот стопан. 4. (разг.) Сопруг, маж. Домаќине, мој стопане. Стопанот ѝ бил на туѓина. ◊ Песната стопан нема ‒ секој може да ја пее како што сака. ‖ стопанка, мн. стопанки ж.