стопи
Значење на стопи:
1. Доведе во течна состојба (снег, мраз и сл.). Сонцето брзо го стопи снегот. Топлиот воздух го стопи мразот.
2. (прен.) Истошти, уништи. Го стопи болеста.
3. (прен.) Направи нешто да исчезне, да испари. Тој му ја стопи последната надеж.
Коњугација: стопат.
Изведени зборови:
- се ~ стопи, 1. Стане течен. Снегот се стопи. Чоколадото се стопи. Мразот на улиците се стопи од солта. Сладоледот брзо се стопи на жешкото сонце. 2. (прен.) Се уништи, се истошти. Тој се стопи од мака. Таа се стопи од макотрпната работа. 3. (прен.) Исчезне. Парите се стопија за час. 4. (прен.) Се соедини, се измеша едно со друго. Тие се стопиле со старото население. Се стопи со околината.
- (се) стопува, глаг. несв. (се) стопуваат
- стопување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
стопи, стопат св. 1. Доведе во течна состојба (снег, мраз и сл.). Сонцето брзо го стопи снегот. Топлиот воздух го стопи мразот. 2. (прен.) Истошти, уништи. Го стопи болеста. 3. (прен.) Направи нешто да исчезне, да испари. Тој му ја стопи последната надеж. ● се ~ 1. Стане течен. Снегот се стопи. Чоколадото се стопи. Мразот на улиците се стопи од солта. Сладоледот брзо се стопи на жешкото сонце. 2. (прен.) Се уништи, се истошти. Тој се стопи од мака. Таа се стопи од макотрпната работа. 3. (прен.) Исчезне. Парите се стопија за час. 4. (прен.) Се соедини, се измеша едно со друго. Тие се стопиле со старото население. Се стопи со околината. ‖ (се) стопува, (се) стопуваат несв. ‖ глаг. им. стопување ср.