стопира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на стопира:

1. Запре, запира, задржи, задржува, прекине, прекинува. Тие ги стопираа преговорите со раководството на фабриката. Ја стопиравме изградбата на тој градежен објект.

2. (разг.) Патува со автостоп. Тој стопираше до Охрид.

Коњугација: стопираат , стопирајќи.

Изведени зборови:

  • стопирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

стопира, стопираат; стопирајќи св. и несв. 1. Запре, запира, задржи, задржува, прекине, прекинува. Тие ги стопираа преговорите со раководството на фабриката. Ја стопиравме изградбата на тој градежен објект. 2. (разг.) Патува со автостоп. Тој стопираше до Охрид. ‖ глаг. им. стопирање ср.