стопли
Значење на стопли:
1. Направи нешто да стане топло; загрее, затопли. Мајката го стопли млекото. Децата си ги стоплија рацете со триење. Сонцето ја стопли водата во коритото. Топлиот чај ме стопли.
2. (прен.) Причини радост, топлина. Веста за дипломирањето на ќерката ѝ го стопли срцето на мајката. Враќањето на синот му ја стопли душата на старецот.
Коњугација: стоплат.
Изведени зборови:
- се ~ стопли, 1. Се загрее, се затопли. По скијањето, туристите се стоплија со чај. Измрзнатите деца се стоплија со волнени ќебиња. Се стоплив на сонце. 2. а) За време, просторија и сл. Времето се стопли и никнаа кокичиња. Собата се стопли брзо. б) безл. Рано се стопли и расцутеа првите овошки.
- (се) стоплува, глаг. несв. (се) стоплуваат
- стоплување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
стопли, стоплат св. 1. Направи нешто да стане топло; загрее, затопли. Мајката го стопли млекото. Децата си ги стоплија рацете со триење. Сонцето ја стопли водата во коритото. Топлиот чај ме стопли. 2. (прен.) Причини радост, топлина. Веста за дипломирањето на ќерката ѝ го стопли срцето на мајката. Враќањето на синот му ја стопли душата на старецот. ● се ~ 1. Се загрее, се затопли. По скијањето, туристите се стоплија со чај. Измрзнатите деца се стоплија со волнени ќебиња. Се стоплив на сонце. 2. а) За време, просторија и сл. Времето се стопли и никнаа кокичиња. Собата се стопли брзо. б) безл. Рано се стопли и расцутеа првите овошки. ‖ (се) стоплува, (се) стоплуваат несв. ‖ глаг. им. стоплување ср.