стори

Глагол, свршен

Значење на стори:

1. Направи, сработи. Така тие сториле. Нема да го сторам тоа, за ништо на светот. Тој не стори ништо. Што сторивме во годините што поминаа? Таа жена ми сторила голема добрина.

2. За возраст, за години на старост, за време ‒ има, наполни. Колку години стори детево? Колку години стори како си мажена? Стори веќе една година од операцијата.

3. Претвори, преобрати во нешто. Ќе се сторам мрена риба, река ќе препливам (нар. поез.). Го сторил момчето еден убав коњ.

4. Погрешно помисли за нешто дека е нешто друго, за некого дека е некој друг. Те сторив дека си комшијата наш.

5. Доведе некого на некаква должност. Момчето го однесле во царскиот сарај и го сториле цар. Таткото го сторил синот домаќин. Тебе крчмите те сторија несреќен и пијаница.

Коњугација: сторат.

Изведени зборови:

  • се ~ стори, 1. Се причини, се пристори некому. Ми се стори дека го видов. Му се стори дека полицајците го чекаат. Гласот ми се стори познат. 2. Се претвори, се преобрази. Момчето сребро и злато ќе фатело, камен и дрво ќе се сторело. Дрвото почнало да гори и по малку време се сторило пепел. Сета снага рани се беше сторила. Лисицата се сторила умрена. 3. (разг.) Стекне нешто, задобие. Тие се сторија со куќа по смртта на таткото. Ете, се сторивме и ние со имот и пари. 4. Се направи, стане нешто. Евросим се стори игумен. По неколку години тој од стопан, се стори чивчија. 5. За зеленчук подготвен за зимница ‒ се скисели. Есенва беше топло и зелката рано се стори. 6. Дојде време за нешто, помине време. Пладне се стори, него го нема. Се стори зајдисонце. Се сторија два месеца од операцијата.

Фразеолошки израз / поговорка:

Жив не се стори ‒ не покажа никакво интересирање за нешто. Стори грев ‒ направи грев, влезе во грев. Стори чест ‒ покаже чест некому, покаже дека го почитува. Стори абер (разг.) ‒ јави некому за нешто. Стори здраво‒живо ‒ се поздрави. Сенка се стори ‒ се исуши, многу ослабна. Го сторија редот ‒ го направија неопходното. Стори арч (разг.) ‒ направи трошок, потроши пари. Стори себап (разг.) ‒ направи добро дело. Стори кабает (разг.) ‒ згреши. Стори мукает (разг.) ‒ обрне внимание, поведе сметка. Стори ниет (разг.) ‒ намисли, се реши. Стори се резил (разг.) ‒ се посрамоти. Колку адетот да се стори (разг.) ‒ колку да се одбележи нешто, минимално, формално. Се стори за срам (резил) ‒ се посрами. Пишман се сторил (разг.) ‒ се повлекол од некоја работа, се покајал за нешто. Му стори ишарет (разг.) ‒ му даде знак. Прав и пепел да се сторат ‒ клетва. Отров и пелин да му се стори ‒ клетва. Крв да ти се стори ‒ благослов по завршен оброк.

Оригинални податоци:

стори, сторат св. 1. Направи, сработи. Така тие сториле. Нема да го сторам тоа, за ништо на светот. Тој не стори ништо. Што сторивме во годините што поминаа? Таа жена ми сторила голема добрина. 2. За возраст, за години на старост, за време ‒ има, наполни. Колку години стори детево? Колку години стори како си мажена? Стори веќе една година од операцијата. 3. Претвори, преобрати во нешто. Ќе се сторам мрена риба, река ќе препливам (нар. поез.). Го сторил момчето еден убав коњ. 4. Погрешно помисли за нешто дека е нешто друго, за некого дека е некој друг. Те сторив дека си комшијата наш. 5. Доведе некого на некаква должност. Момчето го однесле во царскиот сарај и го сториле цар. Таткото го сторил синот домаќин. Тебе крчмите те сторија несреќен и пијаница. ● се ~ 1. Се причини, се пристори некому. Ми се стори дека го видов. Му се стори дека полицајците го чекаат. Гласот ми се стори познат. 2. Се претвори, се преобрази. Момчето сребро и злато ќе фатело, камен и дрво ќе се сторело. Дрвото почнало да гори и по малку време се сторило пепел. Сета снага рани се беше сторила. Лисицата се сторила умрена. 3. (разг.) Стекне нешто, задобие. Тие се сторија со куќа по смртта на таткото. Ете, се сторивме и ние со имот и пари. 4. Се направи, стане нешто. Евросим се стори игумен. По неколку години тој од стопан, се стори чивчија. 5. За зеленчук подготвен за зимница ‒ се скисели. Есенва беше топло и зелката рано се стори. 6. Дојде време за нешто, помине време. Пладне се стори, него го нема. Се стори зајдисонце. Се сторија два месеца од операцијата. ◊ Жив не се стори ‒ не покажа никакво интересирање за нешто. Стори грев ‒ направи грев, влезе во грев. Стори чест ‒ покаже чест некому, покаже дека го почитува. Стори абер (разг.) ‒ јави некому за нешто. Стори здраво‒живо ‒ се поздрави. Сенка се стори ‒ се исуши, многу ослабна. Го сторија редот ‒ го направија неопходното. Стори арч (разг.) ‒ направи трошок, потроши пари. Стори себап (разг.) ‒ направи добро дело. Стори кабает (разг.) ‒ згреши. Стори мукает (разг.) ‒ обрне внимание, поведе сметка. Стори ниет (разг.) ‒ намисли, се реши. Стори се резил (разг.) ‒ се посрамоти. Колку адетот да се стори (разг.) ‒ колку да се одбележи нешто, минимално, формално. Се стори за срам (резил) ‒ се посрами. Пишман се сторил (разг.) ‒ се повлекол од некоја работа, се покајал за нешто. Му стори ишарет (разг.) ‒ му даде знак. Прав и пепел да се сторат ‒ клетва. Отров и пелин да му се стори ‒ клетва. Крв да ти се стори ‒ благослов по завршен оброк.