сторнира

Глагол, свршен и несвршен

Економија.

Значење на сторнира:

Во книговодството ‒ укине, укинува веќе книжена ставка, пренесе на друга сметка; поништи некоја постапка. Ја сторнира купопродажбата на објектот.

Коњугација: сторнираат , сторнирајќи.

Изведени зборови:

  • сторнирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

сторнира, сторнираат; сторнирајќи св. и несв. (екон.) Во книговодството ‒ укине, укинува веќе книжена ставка, пренесе на друга сметка; поништи некоја постапка. Ја сторнира купопродажбата на објектот. ‖ глаг. им. сторнирање ср.