стожер

Именка, машки род

Значење на стожер:

1. Дрво забодено сред гумно околу кое се вртат коњите при вршење на житото. Коњите трчаа околу стожерот. Ги наредивме снопјето околу стожерот.

2. (прен.) Столб, потпора, опора. Тој е стожер на нашето движење за слобода и правда.

Множина: стожери.

Фразеолошки израз / поговорка:

Закити стожер ‒ слави по голема завршена работа, на пр. кога некој ќе ги ожени/омажи сите свои деца (од народниот обичај да се закитува стожерот на гумното по завршената жетва).

Оригинални податоци:

стожер, мн. стожери м. 1. Дрво забодено сред гумно околу кое се вртат коњите при вршење на житото. Коњите трчаа околу стожерот. Ги наредивме снопјето околу стожерот. 2. (прен.) Столб, потпора, опора. Тој е стожер на нашето движење за слобода и правда. ◊ Закити стожер ‒ слави по голема завршена работа, на пр. кога некој ќе ги ожени/омажи сите свои деца (од народниот обичај да се закитува стожерот на гумното по завршената жетва).