страчка

Именка, женски род

Зоологија.

Значење на страчка:

Птица со црно‒бели пердуви и многу долга опашка; Pica pica. Страчките се местеа по тополите. Во дрмите страчореа и мавтаа со долгите опашки неколку страчки.

Множина: страчки.

Изведени зборови:

  • страче, и. ср. (зоол.) Мало од страчка. Седело со мали страчиња.

Фразеолошки израз / поговорка:

Која страчка (останала) без опашка, та и ти без жена (маж) ‒ секој маж ќе си најде жена (секоја жена ќе си најде маж). Ако нема кокошка ‒ земај страчка ‒ што има, тоа земај. Нема (има) мозок колку една страчка ‒ не е многу паметен. Страчките му го испиле умот ‒ е неразумен.

Оригинални податоци:

страчка, мн. страчки ж. (зоол.) Птица со црно‒бели пердуви и многу долга опашка; Pica pica. Страчките се местеа по тополите. Во дрмите страчореа и мавтаа со долгите опашки неколку страчки. ◊ Која страчка (останала) без опашка, та и ти без жена (маж) ‒ секој маж ќе си најде жена (секоја жена ќе си најде маж). Ако нема кокошка ‒ земај страчка ‒ што има, тоа земај. Нема (има) мозок колку една страчка ‒ не е многу паметен. Страчките му го испиле умот ‒ е неразумен. ‖ страче, мн. страчиња ср. (зоол.) Мало од страчка. Седело со мали страчиња.