страда
Значење на страда:
1. Трпи, пати, трга мака, живее во неподобни услови, се мачи. Таа цел живот страдаше без пари, без топол дом. Нашиот народ страда под јаремот на туѓинецот. Страда за парче леб.
2. Боледува, чувствува физичка болка. Таа страдаше од рани на нозете со години. Тој страдаше од ревматизам. Таа страдаше од депресија и од несоница.
3. Има душевна мака, душевна болка. Страдал по својата сакана. Страдаше сам и напуштен од сите.
4. Трпи штета ‒ само во 3л. Работата страда од недисциплина. Од алкохол најмногу страда црниот дроб. Некои растенија страдаат од преголема влага.
Коњугација: страдаат.
Изведени зборови:
- страдање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
страда, страдаат несв. 1. Трпи, пати, трга мака, живее во неподобни услови, се мачи. Таа цел живот страдаше без пари, без топол дом. Нашиот народ страда под јаремот на туѓинецот. Страда за парче леб. 2. Боледува, чувствува физичка болка. Таа страдаше од рани на нозете со години. Тој страдаше од ревматизам. Таа страдаше од депресија и од несоница. 3. Има душевна мака, душевна болка. Страдал по својата сакана. Страдаше сам и напуштен од сите. 4. Трпи штета ‒ само во 3л. Работата страда од недисциплина. Од алкохол најмногу страда црниот дроб. Некои растенија страдаат од преголема влага. ‖ глаг. им. страдање ср.