страден

Придавка

Значење на страден:

1. Што е исполнет со страдање, страдалнички, маченички. Страден живот. Страдна душа беше тој.

2. Што страда за нешто; желен за нешто. Не сме страдни за ништо, сè си имаме. Тој е страден за корка леб.

Членувана форма: страдниот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Страдна мајка за слепаго сина ‒ кога го нема тоа што најмногу го посакуваме, се задоволуваме и со помалку.

Оригинални податоци:

страден, страдниот прид. 1. Што е исполнет со страдање, страдалнички, маченички. Страден живот. Страдна душа беше тој. 2. Што страда за нешто; желен за нешто. Не сме страдни за ништо, сè си имаме. Тој е страден за корка леб. ◊ Страдна мајка за слепаго сина ‒ кога го нема тоа што најмногу го посакуваме, се задоволуваме и со помалку.