страк
Значење на страк:
1. Дел од надземниот дел на растението со листови и цвет. Еден страк босилек. Еден страк праз.
2. Парче дрво, борина. Страк борина.
3. Млада билка за расадување; расад. Набави семе и стракови од неколку видови цвеќе.
4. Прибор за фаќање риба, долг тенок канап со јадици на него, што се остава, обично ноќе, во водата. Стариот рибар ги редеше страковите со јадици покрај чунот. Тој го фати едниот крај од стракот со врзан поголем камен за него и го спушти полека во водата.
Множина: страка, стракови.
Изведени зборови:
- стракче, и. ср. дем.
Оригинални податоци:
страк, мн. стракови, избр. мн. страка м. 1. Дел од надземниот дел на растението со листови и цвет. Еден страк босилек. Еден страк праз. 2. Парче дрво, борина. Страк борина. 3. Млада билка за расадување; расад. Набави семе и стракови од неколку видови цвеќе. 4. Прибор за фаќање риба, долг тенок канап со јадици на него, што се остава, обично ноќе, во водата. Стариот рибар ги редеше страковите со јадици покрај чунот. Тој го фати едниот крај од стракот со врзан поголем камен за него и го спушти полека во водата. ‖ стракче, мн. стракчиња ср. дем.