страна
Значење на страна:
1. Гранична површина на некое тело или гранична линија на некоја површина. Јужна страна на терасата. Тој живееше на горната страна на селото. Старицата одеше по левата страна на мостот. Едната страна од патот веќе беше асфалтирана.
2. Една од површините на нешто, лице и опачина на некој предмет. Горна страна. Долна страна. Од оваа страна е лицето на штофот.
3. Крај, предел, територија на една земја. Тој е од нашите страни.
4. Дел од подножјето до врвот на рид, планина и сл. На стрмната страна на ридот има убава шумичка. Северна страна на планината.
5. (мат.) Плоштина, линија што ограничува, заградува геометриско тело. Пресметај ја должината на страните на триаголникот.
6. Поединец или колектив што се бори за нешто наспроти некого (на суд, во војна, полемика и др.). Победничката страна ја славеше победата. Тужената страна не се појави во судот.
7. Линија на крвно сродство. Роднина по таткова страна.
8. (прен.) Сфаќање, гледиште, став, становиште. Од наша страна ние си го кажавме својот став. Од нивна страна добивме негативен одговор на писмото.
9. (прен.) Особеност, црта. Научната страна на монографијата е издржана.
10. Секоја одделна страница во една книга, тетратка, нотес, весник и др. Текстот се наоѓа на последната страна од весникот. Задачите за домашна работа се на 80 страна. Насловна страна на весник. 1 (арх.) Мера ‒ половина товар. Товар дрва изгорела / страна борина исцепила (нар. поез.).
Множина: страни.
Фразеолошки израз / поговорка:
Држи нечија страна ‒ поддржува некого. Главата му е на сто страни ‒ има многу работа и истовремено мисли на многу нешта што треба да се завршат. На сите четири страни ‒ насекаде во светот. Влече на своја страна ‒ ги гледа своите интереси. Другата страна на медалот ‒ другата страна на вистината.
Оригинални податоци:
страна, мн. страни ж. 1. Гранична површина на некое тело или гранична линија на некоја површина. Јужна страна на терасата. Тој живееше на горната страна на селото. Старицата одеше по левата страна на мостот. Едната страна од патот веќе беше асфалтирана. 2. Една од површините на нешто, лице и опачина на некој предмет. Горна страна. Долна страна. Од оваа страна е лицето на штофот. 3. Крај, предел, територија на една земја. Тој е од нашите страни. 4. Дел од подножјето до врвот на рид, планина и сл. На стрмната страна на ридот има убава шумичка. Северна страна на планината. 5. (мат.) Плоштина, линија што ограничува, заградува геометриско тело. Пресметај ја должината на страните на триаголникот. 6. Поединец или колектив што се бори за нешто наспроти некого (на суд, во војна, полемика и др.). Победничката страна ја славеше победата. Тужената страна не се појави во судот. 7. Линија на крвно сродство. Роднина по таткова страна. 8. (прен.) Сфаќање, гледиште, став, становиште. Од наша страна ние си го кажавме својот став. Од нивна страна добивме негативен одговор на писмото. 9. (прен.) Особеност, црта. Научната страна на монографијата е издржана. 10. Секоја одделна страница во една книга, тетратка, нотес, весник и др. Текстот се наоѓа на последната страна од весникот. Задачите за домашна работа се на 80 страна. Насловна страна на весник. 11. (арх.) Мера ‒ половина товар. Товар дрва изгорела / страна борина исцепила (нар. поез.). ◊ Држи нечија страна ‒ поддржува некого. Главата му е на сто страни ‒ има многу работа и истовремено мисли на многу нешта што треба да се завршат. На сите четири страни ‒ насекаде во светот. Влече на своја страна ‒ ги гледа своите интереси. Другата страна на медалот ‒ другата страна на вистината.