страни
Значење на страни:
1. а) Се држи на страна од нешто или од некого, избегнува некого, се изделува од некого или од некоја средина. Тој подолго време страни од нас. б) Наклонува кон некоја страна, кон нешто што повеќе му лежи, му одговара. Ние страневме кај што имаше добра музика.
2. За дрва: а) Реди дрва за товарење на добиток. Помалиот брат ги странеше дрвата за товарење. б) Придржува на едната страна при товарање добиток, помага да се товарат дрва. Едниот сечеше дрва, а другиот ги местеше и странеше за товарење.
Коњугација: странат.
Изведени зборови:
- странење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
страни, странат несв. 1. а) Се држи на страна од нешто или од некого, избегнува некого, се изделува од некого или од некоја средина. Тој подолго време страни од нас. б) Наклонува кон некоја страна, кон нешто што повеќе му лежи, му одговара. Ние страневме кај што имаше добра музика. 2. За дрва: а) Реди дрва за товарење на добиток. Помалиот брат ги странеше дрвата за товарење. б) Придржува на едната страна при товарање добиток, помага да се товарат дрва. Едниот сечеше дрва, а другиот ги местеше и странеше за товарење. ‖ глаг. им. странење ср.