страница
Значење на страница:
1. Секоја посебна страна, површина на лист во книга, тетратка и сл. Тестот имаше три страници текст. Во книгата една страница беше скината.
2. Бочна површина на нешто (на разбој, на кола и др.) Ја заврза уздата на страниците на чезата. Низ улиците минуваа коли без страници. Го растовари песокот од камионот и ги крена странците. На самарот, по неговата лева страница виси торбичка.
3. Количество дрва (или друг материјал) за секоја страна од товарот на товарно животно. Татко ми сечеше дрва, а јас и брат ми ги правевме страниците за да ги товараат. Тој ги редеше страниците за товарите.
Множина: страници.
Изведени зборови:
- страничка, и. ж. дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Отвори нова страница ‒ отпочне нешто ново, нов период, нова етапа од нешто.
Оригинални податоци:
страница, мн. страници ж. 1. Секоја посебна страна, површина на лист во книга, тетратка и сл. Тестот имаше три страници текст. Во книгата една страница беше скината. 2. Бочна површина на нешто (на разбој, на кола и др.) Ја заврза уздата на страниците на чезата. Низ улиците минуваа коли без страници. Го растовари песокот од камионот и ги крена странците. На самарот, по неговата лева страница виси торбичка. 3. Количество дрва (или друг материјал) за секоја страна од товарот на товарно животно. Татко ми сечеше дрва, а јас и брат ми ги правевме страниците за да ги товараат. Тој ги редеше страниците за товарите. ◊ Отвори нова страница ‒ отпочне нешто ново, нов период, нова етапа од нешто. ‖ страничка, мн. странички ж. дем.