страничен

Придавка

Значење на страничен:

1. Што се однесува на страна, што се наоѓа од страна; бочен. Странични тркала. Страничен прозорец. Странична улица.

2. (прен.) Што е во втор план, второстепен. Странични влијанија. Странични интервенции. Странично прашање.

Членувана форма: страничниот.

Изведени зборови:

  • странично, прил. Ветерот дуваше странично.

Оригинални податоци:

страничен, страничниот прид. 1. Што се однесува на страна, што се наоѓа од страна; бочен. Странични тркала. Страничен прозорец. Странична улица. 2. (прен.) Што е во втор план, второстепен. Странични влијанија. Странични интервенции. Странично прашање. ‖ странично прил. Ветерот дуваше странично.