страшен
Значење на страшен:
1. Што задава чувство на страв, ужасен. Страшно чудовиште. Страшен сон.
2. Што е необично голем, многу силно изразен, пројавен. Страшни злосторства. Се случи страшна трагедија. Почувствува страшна болка. Имаше една страшна рана на ногата.
3. Што предизвикува непријатно чувство, лош, одвратен. Неговата изјава предизвика страшен впечаток кај присутните. Со страшен глас им се обрати на присутните. Направи страшна збрка. Страшна осаменост.
Членувана форма: страшниот.
Изведени зборови:
- страшно, прил. 1. На страшен начин. Страшно е да си сам. Страшно се загрижи за својот живот. 2. Многу, многу силно. Страшно го боли ногата. Страшно се налути.
Фразеолошки израз / поговорка:
(црков.) Страшен суд ‒ божји суд.
Оригинални податоци:
страшен, страшниот прид. 1. Што задава чувство на страв, ужасен. Страшно чудовиште. Страшен сон. 2. Што е необично голем, многу силно изразен, пројавен. Страшни злосторства. Се случи страшна трагедија. Почувствува страшна болка. Имаше една страшна рана на ногата. 3. Што предизвикува непријатно чувство, лош, одвратен. Неговата изјава предизвика страшен впечаток кај присутните. Со страшен глас им се обрати на присутните. Направи страшна збрка. Страшна осаменост. ◊ (црков.) Страшен суд ‒ божји суд. ‖ страшно прил. 1. На страшен начин. Страшно е да си сам. Страшно се загрижи за својот живот. 2. Многу, многу силно. Страшно го боли ногата. Страшно се налути.