страшило
Значење на страшило:
1. Животинска кожа исполнета со слама или човечки лик од партали, слама и сл. што се поставува на обработени земјоделски површини (нива, лозје и др.) со цел да се одвратат, да се плашат птиците штетници. Страшило за на бостан. Страшило за птици. На долги стапови стоеја неколку страшила со раширени раце. Наместил по нивите неколку страшила од партали и ланска слама.
2. Страшилиште. Ноќе се движеа по улиците секакви страшила и привиденија. Во мракот страшила демнат.
3. (прен.) Страшен човек, човек што влева страв. Пред него се исправи висок старец со голема брада и страшни мустаќи ‒ вистинско страшило.
Множина: страшила.
Оригинални податоци:
страшило, мн. страшила ср. 1. Животинска кожа исполнета со слама или човечки лик од партали, слама и сл. што се поставува на обработени земјоделски површини (нива, лозје и др.) со цел да се одвратат, да се плашат птиците штетници. Страшило за на бостан. Страшило за птици. На долги стапови стоеја неколку страшила со раширени раце. Наместил по нивите неколку страшила од партали и ланска слама. 2. Страшилиште. Ноќе се движеа по улиците секакви страшила и привиденија. Во мракот страшила демнат. 3. (прен.) Страшен човек, човек што влева страв. Пред него се исправи висок старец со голема брада и страшни мустаќи ‒ вистинско страшило.