страст
Значење на страст:
1. Силно чувство, силен и нескротлив нагон кон нешто. Нагонски страсти. Страст за животот. Боледуваше од некои несопирливи страсти.
2. а) Постојана склоност кон нешто, голем ентузијазам кон нешто. Работеше со страст. Неговата страст кон филателијата траеше многу години. б) Тоа што е предмет на таква склоност, нагон, голема љубов. Ловот беше најголема негова страст. Планинарењето беше негова страст.
3. Силна љубов кон некого во која преовладува телесната привлечност, изразено либидо. Нивната страст беше меѓусебна и длабока. Го сакаше со страст. Занесот и страста од млади години уште гореа во нивните срца.
Множина: страсти.
Оригинални податоци:
страст, мн. страсти м. 1. Силно чувство, силен и нескротлив нагон кон нешто. Нагонски страсти. Страст за животот. Боледуваше од некои несопирливи страсти. 2. а) Постојана склоност кон нешто, голем ентузијазам кон нешто. Работеше со страст. Неговата страст кон филателијата траеше многу години. б) Тоа што е предмет на таква склоност, нагон, голема љубов. Ловот беше најголема негова страст. Планинарењето беше негова страст. 3. Силна љубов кон некого во која преовладува телесната привлечност, изразено либидо. Нивната страст беше меѓусебна и длабока. Го сакаше со страст. Занесот и страста од млади години уште гореа во нивните срца.